Бизнис

Србија повеќе не е привлечно место за странските компании да инвестираат, изјави српскиот претседател Вучиќ

Царините за челик на Европската Унија ќе ја погодат железарницата во Смедерево, која е во сопственост на кинеската групација, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Европската комисија предложи ново намалување на квотите и зголемување на царините за увоз на челик од земји надвор од ЕУ. Комисијата има намера прво да ги преполови квотите за увоз на челик, а увозот што ги надминува тие квоти ќе подлежи на двојно зголемени царински давачки, односно ќе биде зголемен од 25 на 50 проценти.

Српскиот претседател изјави дека ќе ја замоли претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја ослободи Србија, како земја кандидат за членство во ЕУ, барем од царини за челик.

Тој изјави дека Србија повеќе не е привлечно место за странски компании да инвестираат, бидејќи земјата нема евтина работна сила, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано