Финансии / Банкарство

ГРАЃАНИТЕ ДА ЧУВААТ ГОТОВИНА ЗА ТРИДНЕВНИ ПЛАЌАЊА ЗА ВОДА, ХРАНА, ЛЕКОВИ... - препорака од Централната банка на Холандија поради закани од сајбер напади

Холандската централна банка им советува на граѓаните да чуваат готовина за три дена во вонредни ситуации, 70 евра по возрасен и 30 евра по дете, во случај електронските системи за плаќање да престанат да работат. Централната банка на Холандија ги предупреди граѓаните дека секое семејство треба да има доволно готовина издвоена за покривање на трошоците за три дена во случај на вонредни ситуации.

Банката како една од клучните причини ја наведе растечката закана од сајбер напади, која е сè поизразена во услови на зголемени геополитички тензии. Како пример за ризик, беше споменато дека во април, затемнувањето во Шпанија и Португалија предизвика сериозни, но краткотрајни проблеми во платните системи.

Издвоените готовина треба да ги покријат минималните потребни трошоци за три дена, вклучувајќи: вода, храна, лекови, транспорт и други основни трошоци, се наведува во препораката.

Холандската централна банка, исто така, имаше јасна порака за трговците - им беше советувано да обезбедат алтернативни системи за плаќање, како што се скенирачки QR кодови, во случаи кога ПОС терминалите не работат.

Овие упатства доаѓаат во време кога Европската комисија објави план во  кој им се советува на граѓаните да имаат доволно залихи од храна за три дена, со цел да се обезбеди снабдување во кризни ситуации како што се војна или природни катастрофи. Комисијата ја обнови и јавно ја соопшти таа препорака како дел од поширок европски пристап кон зајакнување на отпорноста на домаќинствата во кризи, пренесува Блиц.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано