Lifestyle

ГРЧКИ ОСТРОВ НУДИ ПАРИ И СМЕСТУВАЊЕ ЗА НОВИТЕ ЖИТЕЛИ

Малиот грчки остров Антикитера започна програма за привлекување нови жители, нудејќи финансиска поддршка и обезбеден дом за оние кои се подготвени да се преселат. Локалните власти одлучија да привлечат нови доселеници нудејќи бесплатно сместување, храна и месечна финансиска поддршка. Антикитера моментално има само 45 постојани жители.Проектот има за цел да привлече млади семејства за да го ревитализираат островот. Повеќето од сегашните жители се над 50 години, а има малку деца. 

Грција ќе плаќа 500 евра месечно во текот на три години на секој што ќе одлучи да се пресели на островот, што вкупно изнесува околу 18.000 евра. Програмата е првенствено наменета за млади семејства и квалификувани работници.

Проектот го организира Грчката православна црква на Китира, која исто така управува со Антикитера. Тие бараат млади семејства, пекари, рибари и луѓе со деца.

Планирано е да се вселат максимум пет семејства, а сите кандидати ќе мора да поминат интервју пред да бидат одобрени за преселба. На семејствата им се ветени нови куќи, но тие сè уште не се изградени поради административни доцнења и досега никој не се вселил во рамките на програмата.

До островот може да се стигне со ферибот од Китира или од пристаништето Кисамос на Крит. Во текот на зимата, на островот е отворена само една мала продавница со основни намирници. На островот има електрична енергија и интернет, пренесува Дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано