Интервјуа

Стојаноски: Кредитното портфолио на банката е здраво, што е евидентно преку ниската стапка на нефункционалните кредити

Бојан Стојаноски, генерален директор за управување со ризици, Стопанска банка А.Д. - Скопје

Економија и бизнис | печатено издание | декември 2022/јануари 2023г.

Не е лесно да се биде одговорен за управување со ризиците во време на незапаметена неизвесност. Кои беа најголемите ризици за банката годинава и како се справувате со нив?

Б. Стојаноски: Сериозните предизвици од глобалната геополитичка и економска криза наметнуваат нова реалност во секојдневното живеење и работење. Војната во Украина го запре позитивниот моментум што го имаа економиите до крајот на 2021 година, a краткорочните и среднорочните ризици се во нагорен тренд.
Банката во рамките на своето функционирање применува темелна и сеопфатна рамка за управување со ризици која осигурува дека ризиците се утврдуваат, точно се мерат, се контролираат и проактивно се менаџираат, на сите нивоа на организацијата, со цел одлуките на банката да бидат адекватни и во линија на утврдениот ризичен профил. Управувањето со ризиците во банката се заснова на принципите на моделот на три линии на одбрана, усогласено со структурата на НБГ Групацијата.
Еден од најнепосредните предизвици со кои се соочија банките во текот на 2022 година е зголемувањето на каматните стапки. Доколку интеракцијата меѓу пазарните очекувања, монетарната политика и динамиката на инфлацијата доведе до значителен раст на каматните стапки во наредниов период, сето ова би можело да има негативно влијание врз трошоците на финансирање на банките, но секако и на квалитетот на потфолиото што е главен предуслов за одржување на стабилноста на банката. Тоа се постигнува со одржување на прудентноста на кредитните критериуми, како и со внимателно следење на сигналите за рано предупредување за преземање на соодветни и навремени активности.

Што очекувате во однос на банкарските ризици за 2023 година?

Б. Стојаноски: Ова се неизвесни времиња поради тоа што високите цени на енергентите и базичните производи, растот на инфлацијата и на каматните стапки заедно со високата неизвесност за идните случувања на сите полиња на глобален план, претставуваат значително променета околина и финансискиот сектор во наредниов период ќе се соочи со потреба од функционирање во средина која ќе биде одбележана со забавување на економскиот раст, зголемување на каматните стапки и можност за дополнително заострување на меѓународните политички тензии.
Периодот на неизвесност кој ни претстои би можел да предизвика зголемување на нивоата на нефункционални кредити поради што е потребно континуирано следење и соодветно прилагодување на стратегиите за рано идентификување на потенцијалните кредитни ризици, како и преземање на сите неопходни активности со цел да се одржи квалитетот на кредитното портфолио.
Многу пати досега, како банкарскиот сектор во целина, така и банката потврди дека е отпорна на шокови и успешно се справи со предизвиците од сите кризи. Кредитното портфолио на банката е здраво, што е евидентно преку ниската стапка на нефункционалните кредити. Банката продолжува со успешно работење кое е овозможено од здравите фундаменти, силната капитална позиција, успешно воспоставениот бизнис-модел, перманентните напори за постојани прилагодувања согласно промените во околината, како и применетите високи стандарди во делот на управувањето со ризиците.


Интервју со Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управен Одбор на Стопанска банка А.Д. - Скопје

Интервју со Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство, Стопанска банка А.Д. - Скопје

Интервју со Милица Чапаровска - Јовановска, генерален директор за банкарство на мало, Стопанска банка А.Д. - Скопје

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано