Финансии / Банкарство

Кој всушност го купува златото? – одговорот за „рекордната“ побарувачка не е само во централните банки

Цената на златото продолжува да урива  рекорди, а главната причина што најчесто се наведува се масовните купувања од страна на централните банки. Сепак, официјалните податоци и медиумскиот наратив не одат рака под рака  и дека „рекордната“ побарувачка на златото може да се базира повеќе на проценки отколку на факти, се наведува во анализата на  Financial Times Alphaville.

Европската централна банка (ЕЦБ) објави во јуни дека централните банки учествувале со над 20% во глобалната побарувачка за злато во 2024 година, двојно повеќе од просекот во 2010-тите.

Сепак, кога ќе ги погледнете официјалните податоци, бројките не се толку спектакуларни. Според записите, централните банки ги зголемиле своите резерви на злато за 228 тони во изминатата година, што не отстапува од прометот во последните десет години. Всушност, одговорот за зголемената побарувачка на злато лежи во таканаречените непријавени купувања. Кога овие ќе се додадат на официјалните бројки, вкупните купувања на централната банка скокаат на дури 804 тони. Официјалните податоци за резервите на централната банка доаѓаат од ММФ, но известувањето е доброволно. Некои земји, како што е Русија, престанаа да даваат податоци дури и пред воведувањето на санкциите. 

Затоа аналитичарите и ЕЦБ се потпираат на проценките на Светскиот совет за злато (WGC), здружението на рударски компании чија цел, меѓу другото, е промоција на прометот со златото. Од 2014 година, WGC користи податоци од независната консултантска фирма , која ги проценува вкупните нето купувања на злато од страна на централните банки и суверените фондови за богатство.

Како што самите признаваат во својата методологија, „со оглед на нетранспарентноста на пазарот, статистиката за понудата и побарувачката треба да се гледа како проценки - некои поточни од другите“. 

Откако западните санкции ги замрзнаа девизните резерви на Русија во 2022 година, многу земји почнаа да ја доведуваат во прашање безбедноста на држењето странска валута во долари или евра.

Во таква средина, златото делува како побезбедна алтернатива за вложување, пренесува Инвеститор.ме.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано