Бизнис 
                            
                            
                                ВО СЕПТЕМВРИ ПОМАЛКУ СМЕ ТРОШЕЛЕ НА ХРАНА (НОМИНАЛНО И РЕАЛНО), А ПОВЕЌЕ ЗА  НЕПРЕХРАНБЕНИ ПРОДУКТИ!
                            
                                
                                
                            
                            31.10.2025 
                            
                            
                             
                            
                            Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7,6 %, објави Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0,8 %, а реално за 7,1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12,1 %, а реално за 7,6 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7 %, а реално за 0,1 % и Трговија на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1,5 %, а номинално за 0,8 %. 
Главни поенти
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:
- Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12,1 %, а реално за 7,6 %
- Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 5,7 %, а реално за 0,1 %  
 Фото Економија и бизнис