СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА Е ПОСКАПА ЗА 757 ДЕНАРИ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432 денари. Тоа, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 година која изнесувала 68 675 денари е зголемена за 757 денари.

Како што информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември таа изнесува 84 807,00 денари.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано