ФРАНЦИЈА СО НАЈНИСКО ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 70 ГОДИНИ, може да се врати на трето место во производството на вино

Француското Министерство за земјоделство предупреди дека производството на вино во 2026 година би можело да падне на најниското ниво во последните 70 години, што ќе биде трета година по ред со намалени приноси.

„Бербата во 2023 година беше солидна, но приносите беа доста катастрофални од почетокот на деценијата. Стануваме свесни дека денес ниту еден регион во Франција не е имун на топлотни бранови “, рече Жан-Мари Кардеба, раководител на одделот за вина и жестоки пијалаци на универзитетот INSEEC Grande École.

Регионите со поумерена клима, како што се долината на Лоара и Шампањ, најмногу страдаат. Од друга страна, винарите во јужните региони Бордо и Лангедок-Русијон пријавија повисоки приноси од минатата година.

Овогодинешната берба може да ја врати Франција на третото место меѓу земјите производители на вино, додека пред 12 до 15 години бевме сè уште први, пред Италија. Сега Италија е јасно во водство,  а Шпанија би можела да ја престигне Франција, која  покажува дека има проблем со производството.

На почетокот на септември, владата ја намали својата прогноза за раст за Франција на 0,5% (од 1% претходно оваа година), проценувајќи дека топлотниот бран и сушата би ја чинеле Франција 0,1 процентен поен раст оваа година, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано