МАКРОН ОРГАНИЗИРА СОСТАНОК НА Г7 ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ МЕЃУСЕБНИТЕ ТЕНЗИИ ЗА ЕНЕРГИЈА, се рагледува ослободување на стратешките енергетски резерви

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе организира состанок на Групата седум (Г7) за енергетски прашања во наредните недели, во време кога цените на горивата растат поради војната меѓу САД и Иран.

„Во наредните недели ќе имаме состанок на Г7 посветен на енергетски прашања, со цел да ја зајакнеме соработката и да избегнеме непотребни тензии меѓу земјите од Г7 и нашите главни партнери“, рече Макрон.

Тој додаде дека состанокот ќе биде можност да се разгледаат можностите за евентуално ослободување или пуштање во употреба на стратешките енергетски резерви. Макрон го изјави ова по состанокот со претседателските кандидати и лидерите на политичките партии пред изборите што ќе се одржат во Франција следната пролет.

Макрон нема право да се кандидира за уште еден мандат откако веќе отслужи два мандата како претседател.

Цените на суровата нафта се зголемија за околу 20 проценти овој месец, бидејќи САД и Иран остануваат во конфликт, а Саудиска Арабија беше принудена да затвори голем нафтовод бидејќи се соочува со напади од јеменските Хути.

Француската влада, соочена со влошување на економската состојба и растечко незадоволство кај граѓаните поради трошоците за живот, се обидува да ги ублажи последиците од зголемувањето на цените, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано