Нa глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло порасна минатата недела откако американската централна банка ги зголеми каматните стапки и сигнализираше понатамошно затегнување на монетарната политика.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни светски валути, скокна за 1,1 процент минатата недела на 100,20 поени, приближувајќи се до највисокото ниво за седум недели.
Во исто време, доларот зајакна за 1 процент во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,1485 долари.
Американската валута, исто така, зајакна во однос на јапонската валута, за 2,1 процент, на 156,87 јени.
ФЕД објави нови зголемувања на каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата
Во среда, по дводневниот состанок, лидерите на ФЕД одлучија да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, доведувајќи ги до опсег од 3,75 до 4 проценти, прво зголемување на стапките од 2023 година.
Во соопштението, ФЕД навести дека наскоро може да следи уште едно зголемување на каматните стапки, со цел да се ограничи инфлацијата. На прес-конференцијата, претседателот на ФЕД, Кевин Ворш, изјави дека економијата се зајакнала од последниот состанок на ФЕД, но дека нема големо подобрување во инфлаторниот тренд.
Фото Економија и бизнис








