Марковиќ: „AI е револуција и досега невидена трансформација“ – Македонски Телеком развива сопствени AI агенти и соработува со OpenAI

Вештачката интелигенција ќе ја промени улогата на телекомуникациските компании, кои од обезбедувачи на поврзаност постепено прераснуваат во дигитални лидери што развиваат нови услуги и поврзуваат цели дигитални екосистеми. Ова го истакнува Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, во интервјуто за Економија и бизнис, посочувајќи дека вештачката интелигенција претставува огромна можност и за македонските компании.

„AI е револуција и досега невидена трансформација! Го менува светот. За компаниите отвора огромни можности – автоматизација, поголема продуктивност, нови бизнис-модели“, вели Марковиќ.

Тој смета дека Македонија, и покрај големината на пазарот, може да држи чекор со многу поразвиените економии доколку се вложи во масовна едукација и примена на новите технологии.

Во Македонски Телеком веќе работат на развој на сопствени AI агенти, додека на глобално ниво компанијата, преку групацијата Дојче Телеком, соработува со OpenAI.

Истовремено, вештачката интелигенција ќе ја трансформира и самата телекомуникациска инфраструктура. Мрежите ќе стануваат сè поинтелигентни, ќе можат да предвидуваат проблеми, да ги оптимизираат ресурсите и да овозможуваат нови услуги.

„Не сме веќе компанија што обезбедува само поврзаност, туку компанија што прераснува во дигитален лидер што поврзува луѓе, компании, институции, уреди и цели дигитални екосистеми“, истакнува Марковиќ.

Според него, ова е голема можност и за македонската економија, бидејќи примената на AI може да донесе повисока продуктивност, поефикасно работење и нови модели на бизнис.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано