5G+ отвора можности за телемедицина, паметни фабрики и далечинско управување со машини

Македонски Телеком со воведувањето на првата 5G+ мрежа во Македонија отвора нова ера во мобилните комуникации, која покрај поголемите брзини ќе овозможи и персонализирани услуги со загарантиран квалитет на мрежата.

Како што објаснува Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, во интервјуто за Економија и бизнис, клучна новина на 5G+ технологијата е Network Slicing, функционалност што овозможува дел од мрежните капацитети да се резервираат за конкретна потреба, со приоритетен пристап и загарантиран квалитет на поврзувањето, независно од оптовареноста на мрежата.

„На пример, земате slice за важен деловен видеоповик, или треба да се вклучите во живо, да споделите видео итн. Имате одличен квалитет, не ве интересира колку е оптоварена мрежата, имате свое парче мрежа“, објаснува Марковиќ.

Новата технологија отвора можности за примена во области што досега беа ограничени од техничките капацитети на мрежата, како што се телемедицината и преносот на медицински податоци во реално време, користењето дронови за надзор и мониторинг, паметните фабрики со автоматизирани процеси и далечинското управување со машини.

Според Марковиќ, ова се само дел од новите решенија што допрва ќе се развиваат, а нивната примена ќе ја прошири улогата на телекомуникациската инфраструктура во економијата и секојдневниот живот.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано