ЗОШТО КИНА НЕ Е ИЗЛОЖЕНА НА НАФТЕНИ ШОКОВИ КАКО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ?

Од почетокот на војната во Иран, Кина го намали увозот на нафта за дури 23 проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова донекаде го запре високиот пораст на цените на нафтата.

Кина сериозно го ограничи извозот на бензин, дизел и авионско гориво од почетокот на војната во Иран, а електричните возила, кои веќе претставуваат околу 14 проценти од сите патнички автомобили на кинеските патишта, исто така придонесуваат за падот на побарувачката на нафта до одреден степен, како резултат на што потрошувачката на нафта во вториот квартал била за околу 1,5 милиони барели дневно пониска од вообичаеното.

Затоа, нафтените шокови, повисоката инфлација и зголемувањето на каматните стапки (хипотекарните стапки веќе се приближуваат до седум проценти) се чини дека влијаат многу повеќе врз просечниот Американец отколку врз Кинезот, пренесува Сеебиз.

Пекинг со години создавал огромна стратешка и комерцијална залиха која сега се проценува на околу 1,4 милијарди барели.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано