МИЗО: ПРАКСАТА ВО КОМПАНИИТЕ ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА КАКО ВО АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ, НО ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ СВЕДУВА САМО НА ЗЕМАЊЕ ПОТПИС

Многу важна тема која е за општо добро за македонската економија, не само за бизнис заедницата, не за академскиот свет, е дека навистина треба да се најде една симбиоза од двете страни за да изградиме соодветен кадар и за државата да оди напред. Во САД студирав технички науки на Рочестер институт за технологии, а на Харвард студирав менаџмент. Но, двата беа приватни факултети. Она што беше важно на Рочестер е дека летната пракса е обврска, не можете да завршите без да имате летна пракса. Моите студии беа петгодишни студии, тие петгодишни студии моравте да имате пет блока од три недели каде што имавте задолжителна пракса. Но, тоа да не биде онаа пракса во Македонија со еве, јас сум тука на потпис, дајте ми еден потпис, две недели да се провртнам низ компанијата и потоа да ги задоволам условите. Тие три месеци навистина вие работите, јас работев прво во Џенерал Електрик, потоа работев во Магна и таа летна пракса е летна пракса врз основа на која имате најдобар вид на интервју. Вие ја интервјуирате компанијата, гледате дали компанијата, начинот на работа, она што компанијата го работи ги задоволува вашите потреби, вашите идни кариерни интереси и дали навистина ова е тоа што сакате да го направите. Од друга страна, компанијата вас ве интервјуира. Низ тие три месеци, секој од тие блокови, најдобро може да видите дали е тоа токму тој студент кој во иднина треба да биде дел од вашиот тим. Истото ова се случи на Харвард. Ниту еден студент помеѓу прва и втора година на MBA студии не седи летото дома, изјави Виктор Мизо, од КОСТАЛ Македонија, на конференцијата насловена  „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“, што  се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија.

Воведни излагања на настанот имаа претседателот на Комората, Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Комората проф. д-р Марјан Ѓуровски, а на конференцијата ќе има и две панел дискусии со учество на истакнати бизнисмени од Комората, Ристо Јаневски – ОКТА АД, , Андреа Серафимовски – ГРАНИТ АД и претставници од научната фела.

На Харвард, како што изјави Мизо,  на практикантите им плаќаат signing bonus. За да одите вие во некои компании не само што плаќаат плата за тие месеци, туку даваат однапред 20.000 долари за да потпишете за таа компанија, за да го водите тие три месеци, бидејќи тие сметаат дека е на подобар начин дека после завршување на факултетот ќе ве регрутираат.

-Тоа нешто во Европа таква пракса не постои, ова постои во Америка, но реалноста е дека таа пракса е многу платена, но на тој начин секогаш вие пред да завршите со праксата однапред добивате индикација од компанијата дека тие сакаат да ве примат. Последната година од нашите студии било што вие не треба да се замарате за барање работа. Знаете каде по завршување на студиите ќе работите, така да се посветувате тотално на она што е факултетот и знаењето и знаете однапред кој ќе биде шеф, на што ќе работите и на кој начин тоа ќе го работите. Таа пракса по мене ќе е неопходно да се воведе како задолжителна пракса и кај нас, не само за технички начин, јас мислам и за економски факултет, за правен факултет, за сето она што значи работа во бизнис секторот, бидејќи ние како компанија во моментов имаме летна пракса, но прво треба да димензионирате за колку луѓе сакате да направите пракса. Не е ова ајде ќе земеме 100 студенти. Прво вие мора да имате ментор за секој студент кој ќе доаѓа, вели Мизо.

Во компанијата во Охрид праксата трае неколку недели и многу луѓе сакаат да престојуваат во Охрид за време на праксата.

-Еве, студенти од трета или четврта година, платена пракса, платен смештај за тие што не се од Охрид, сите ќе речат супер, ние 8 часа сме на работа, остатокот од времето ќе сме на плажа, има журки… Другиот проблем во Македонија, да не дискутираме за тоа, е мобилноста на работната сила, бидејќи многу луѓе само сакаат да живеат и да работат во местото од каде што потекнуваат, многу тешко некој ќе се пресели заради работа, вели Мизо.

На Запад не е баш така. Но, во тие 10 недели мора да имате ментор за секој од тие студенти кои ќе ги пуштите на работа, без разлика дали се тоа технички кадри кои се инженери, дали работат во планирање на производство, дали работат во набавки, во финансии, во контроли, мора да има некој кој ќе работи со нив за да ги насочи и не како да треба да дојдат тука на работа, да прават фотокопии или само да разместуваат документи од еден до друг офис. Тие навистина треба да се вклучат во работата, да допринесат во производниот процес.

Тоа значи работа во производно инженерство, тоа значи работа во производство, тоа значи работа во некаква анализа. Тие мислат дека инженер прави секакви работи, не прави секакви работи, како ние економистот не прави секакви работи. И на тој начин таа летна пракса допринесува да вие донесете подобра одлука дали се тоа идните ваши кадри и за нив да одлучат дали е тоа компанијата во која сакаат да се развиваат.

За време на праксата, која трае една година до 18 месеци, се исплаќа плата во висина  од 85 до 90 проценти од нормален инженер.

Ние како компанија спонзориравме подобрување на работите на Институтот за механика на машински факултет.

– Ние не сме држава која има историска традиција од 100 години во истражување за нови продукти. Но, подобрување на процесите апсолутно може да се случи, изјави Мизо.  


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано