ТОПЛОТНИОТ БРАН ГО НАМАЛУВА РОДОТ НА ГРОЗЈЕТО ВО ФРАНЦИЈА, бербата може да почне на 15 август еден месец порано

Продолжена суша и високи температури го загрозуваат овогодинешниот род на грозје во најпознатите винарски региони во Франција, при што производителите очекуваат една од најраните берби досега и помало производство на вино. По рекордниот топлотен бран на крајот на јуни, лозјата во Шампањ, Бордо и Бургундија беа погодени од сушен период што траеше неколку недели, што […]

ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА, најбогатите ќе плаќаат повисок данок

Германската федерална влада се согласи за сеопфатна реформа на данокот на доход што треба да донесе значително даночно олеснување за милиони граѓани од 1 јануари 2027 година. Луѓето со пониски и средни приходи, особено семејствата со деца, треба да имаат најголема корист од новите мерки, додека дел од трошоците за реформата ќе бидат покриени со […]

ТРАМП: ЗА МЕНЕ ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН Е ЗАВРШЕНО – „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, изјави Руте

Новинарите во Анкара го замолија американскиот претседател Доналд Трамп да коментира за синоќешните меѓусебни напади меѓу САД и Иран. На прашањето дали договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран е завршен, Трамп одговори: „Тоа е многу интересно прашање. За мене, мислам дека е завршено. Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Според […]

ДЕВЕТ ЗЕМЈИ ЌЕ ОСНОВААТ МЕЃУНАРОДНА „ОДБРАНБЕНА“ БАНКА, предводник е Канада

Девет земји ветија дека ќе учествуваат во основањето на нова меѓународна одбранбена банка, објави канадскиот премиер Марк Карни на самитот на НАТО во Анкара. Станува збор за проект насочен кон олеснување на финансирањето на вооружувањето на сојузничките земји. Карни објави дека Албанија, Белгија, Грција, Латвија, Луксембург, Романија, Турција и Украина го поддржаа основањето на Банката […]

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА „СКОКААТ“ ПО ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ПРИМИРЈЕТО МЕЃУ САД И ИРАН, вредноста на доларот бележи дневен раст

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа напади врз Иран по нападот на Техеран врз три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел рано утрово, додека цената на американската референтна сурова нафта […]

ПОПУШТИЛЕ ДВА ПОТПОРНИ СТОЛБА ВО ЗГРАДА ВО МЕНХЕТЕН  ПО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И ДОДАВАЊЕ НА КАТОВИ, луѓето од неколку улици се евакуирани

Неколку улици во Менхетен во Њујорк, беа евакуирани за време на шпицот во вторник наутро откако зграда во реновирање покажа знаци на уривање. „Два потпорни столба се извиткаа, а подовите претрпеа повеќекратни пукнатини и вдлабнатини. Зградата останува нестабилна. Откако пристигнавме на местото на настанот, забележавме понатамошно движење на еден од ослабените столбови“, рече градоначалникот Зохран […]

АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА  ВОЗВРАТИ НА ИРАН ЗА НАПАДИТЕ НА ТРГОВСКИТЕ БРОДОВИ, ТЕХЕРАН  ГАЃАЛЕ ЦЕЛИ ВО БАХРЕИН И КУВАЈТ

Американската војска во среда соопшти дека нападнала повеќе од 80 цели во Иран како одговор на неодамнешните напади врз неколку танкери во Ормускaта Теснина, додека Иранската револуционерна гарда соопшти дека за возврат гаѓала 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт, објавија агенциите. Задавајќи го најновиот удар врз веќе кревкиот договор за прекин на огнот, […]

БРИСЕЛ ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ, нови заштитни мерки за идните членки на ЕУ

Европската комисија работи на предлози за реформа на процесот на проширување на Европската Унија, со цел да ја врати водечката улога во дебатата што во последните месеци сè повеќе ја обликуваат земјите-членки, но и да го избегне товарот на дискусиите за новите заштитни механизми што паѓа исклучиво врз Црна Гора, која во моментов е најнапредната […]

Наскоро граѓаните во Македонија ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации.   – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од […]

Кавадарци објави оглас за крал и кралица за „Тиквешкиот карневал“

Кавадарци е во потрага по крал и кралица за овогодинешниот тиквешки карневал, дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“. Од организацијата денеска информираа дека пријавувањето за крал и кралица, но и за останатите учесници во тиквешкиот карневал, трае до 20 јули. Годинава, „Тиквешкиот гроздобер“ ќе се одржи од 4 до 6 септември. Како и секоја година, […]