Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа напади врз Иран по нападот на Техеран врз три брода во Ормуската Теснина.
Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел рано утрово, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавува АП и потсетува дека цените неодамна паднаа на нивоата на кои беа пред почетокот на војната со Иран на крајот на февруари.
Кога станува збор за промените во вредноста на светските валути, американскиот долар се искачи на 162,38 јапонски јени, а вредноста на еврото остана непроменето на 1,1414 долари.
Фото Економија и бизнис








