Европските градови влегуваат во предновогодишна атмосфера во која се обидуваат со украсувањето на главните плоштади да создадат уникатно доживување за своите жители. Додека некои од нив се потпираат на вековните обичаи и традиционална декорација, други му даваат празничен белег на градот преку необичен дизајн и импресивни светлосни ефекти. Еуроњуз.рс пренесува кратка листа на европски градови кои вреди да се посетат за време на божиќните празници.
Копенхаген, Данска – до 3 јануари, забавниот парк Тиволи Гарденс се претвора во вистинска празнична бајка, со илјадници трепкачки светла, осветлени дрвја, богати декорации, куќи за одмор со храна и бројни возења.
Гент, Белгија – нуди посебна божиќна атмосфера, а неговиот средновековен центар е најубав по зајдисонцето. Божиќниот панаѓур се протега низ стариот град и има повеќе од 150 дрвени куќи, додека празничната атмосфера ја надополнуваат кулите на катедралата Свети Баво, камбанаријата и црквата Свети Никола.
Љубљана, Словенија – празничното осветлување носи игра на светлина, ѕвезди, кристали и апстрактни форми што ги осветлуваат улиците и плоштадите на стариот град. За поинакво искуство на градот, посетителите можат да се прошетаат со брод по реката и да ги гледаат познатите мостови во Љубљана како блескаат одблизу.
Лондон, Англија – добива многу посебен изглед за време на божиќните празници, а неговите најпознати светлосни декорации се распослани низ целиот град, при што секоја локација има свој посебен карактер. Ковент Гарден сјае со златни ѕвона, огромни декоративни топки и повеќе од 300.000 светла.
Малага, Шпанија – Божиќ во Малага носи празнична атмосфера со благи зимски температури и многу сонце. Кале Лариос ќе светне со празнични светла на 27 ноември. Надвор од центарот на градот, Ботаничката градина Ла Консепсион (La Concepción) ќе се претвори во бајка од светлина, со инсталации на тема „Божиќ во магичната градина на Оз“.
Минхен, Германија – божиќните светла ја создаваат најубавата атмосфера на плоштадот Мариенплац, каде што висока елка осветлена од илјадници светла се издвојува пред готската фасада на Новото Градско собрание. Божиќната елка ќе биде осветлена за прв пат на 20 ноември, кога ќе се отвори познатиот божиќен пазар „Кристкиндлмаркт“.
Париз, Франција -турата низ празнично украсениот град најдобро е да се започне кај Триумфалната капија, која гледа кон Елисејските полиња и два долги реда дрвја обвиткани со божиќни светла.
Прага, Чешка Република – на Староградскиот плоштад, празничните куќи се поставени под познатиот астрономски часовник, каде што посетителите можат да се затоплат со традиционален десерт направен од слатко тесто, кое се пече, наросено со шеќер и цимет, додека кочии со коњи минуваат низ улиците, а од сцената се слуша празнична музика.
Рига, Латвија – изгледа како бајка каде улиците се калдрмисани, воздухот мириса на греано вино, а празничните светла ги осветлуваат средновековните згради.
Стразбур, Франција -Божиќниот пазар во Стразбур се одржува од 1570 година, што го прави најстар во Франција и му ја носи на градот познатата титула „Главен град на Ноел“. Секој декември, фасадите, прозорците и балконите на зградите се осветлени со празнични светла, додека мирисите на цимет и греено вино се шират низ улиците.
Талин, Естонија – божиќната магија започнува под високата елка на плоштадот на Градското собрание, каде што дрвените куќи за одмор ги наредени калдрмисаните улици, додека мирисите на греено вино со зачини и свежо приготвени колачиња од ѓумбир го исполнуваат воздухот.
Виена, Австрија – секој виенски божиќен пазар има своја посебна атмосфера. Виена нуди бројни можности за уживање во празничната сезона.
Цирих, Швајцарија – божиќната сезона започнува на познатата шопинг улица Банхофштрасе, над која висат илјадници светкави кристали, објави Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис








