Превенцијата, менталното здравје, физичката активност и здравата исхрана беа во фокусот на учеството на компанијата dm drogerie markt на третото издание на Health & Fitness Forum 2026, коe се одржа на 14 ноември во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Настанот, кој собра околу 150 доктори, тренери и експерти од областа на здравјето и фитнесот, беше можност за размена на знаења и искуства, а dm се вклучи со меѓународна панел-дискусија посветена на современото машко здравје и со посебно dm нутри-катче, каде посетителите имаа можност да дегустираат вкусни и нутритивни закуски подготвени со производи од dm марката dmBio и Sportness.
Значаен дел од учеството на dm беше панел-дискусијата „Modern Men’s Health”, која се одржа со поддршка на компанијата и отвори важни прашања за превенцијата, физичката активност, менталното здравје и одговорниот начин на живот. Во дискусијата учествуваа: д-р Виктор Грујевски, специјализант по урологија, Марија Ѓоргиевска, молекуларен биолог, д-р Бруно Ариенс, експерт за спиење од Белгија, и Махтелд Бакеланд, остеопат од Холандија, а разговорот го модерираше Синиша Јовиќ.
Панелот ги обедини различните стручни перспективи за машкото здравје, ставајќи акцент на превентивните прегледи, здравите секојдневни навики и важноста на физичката и менталната благосостојба. Посебно внимание беше посветено на потребата од поголема информираност и отворен разговор за здравствените предизвици со кои се соочуваат мажите, како и на улогата на квалитетниот сон, движењето и одговорниот пристап кон сопственото здравје.
Покрај панелот, dm им понуди на посетителите и практично искуство преку dm нутри-катчето, кое беше едно од особено посетените места во експо-зоната на форумот и привлече голем интерес кај присутните. Таму нутриционистот Антонио Велковски, познат по инстаграм-профилот „Ајде да јадеме”, подготвуваше вкусни и нутритивни закуски со производи од dmBio и Sportness, сопствени марки на dm. Посетителите со голем интерес ги дегустираа подготвените специјалитети и имаа можност да откријат интересни идеи за вклучување разновидни намирници во секојдневната исхрана.
Со оваа комбинација од стручна дискусија и практична презентација на нутритивни оброци, dm го насочи вниманието кон различните аспекти на грижата за себе, покажувајќи дека здравите навики не се поврзани само со физичката активност, туку и со исхраната, одморот и навремената превенција.
Третото издание на форумот се одржа под мотото „Health & Fitness as Infrastructure”, обединувајќи претставници од здравствениот и фитнес-секторот, институциите и бизнис-заедницата, со цел размена на искуства и поттикнување соработка во областа на здравјето и активниот начин на живот.
Со своето учество на Health & Fitness Forum 2026, dm drogerie markt даде придонес кон отворањето важни прашања за современото машко здравје и промоцијата на балансирани животни навики, нагласувајќи го значењето на информираноста, превенцијата и секојдневната грижа за сопствената благосостојба.








