ТРАМП: ЗА МЕНЕ ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН Е ЗАВРШЕНО – „Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, изјави Руте

Новинарите во Анкара го замолија американскиот претседател Доналд Трамп да коментира за синоќешните меѓусебни напади меѓу САД и Иран.

На прашањето дали договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран е завршен, Трамп одговори:

„Тоа е многу интересно прашање. За мене, мислам дека е завршено. Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Според мене, е завршено. Ќе разговарам со нашите преговарачи, тие сакаат да преговараат. Според мене, е само губење време да се справуваме со нив“, рече Трамп.

Трамп вели дека нападите биле „20 пати посилни од иранските напади“.

На 17 јуни, САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, со кој се суспендираше воениот оган меѓу двете земји и се обврзаа на 60-дневен преговарачки период со цел да се постигне конечен, траен мировен договор.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа вечервашните американски напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормуската Теснина.

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи има примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.

„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано