ОРМУСКАТА ТЕСНИНА ПОВТОРНО БЛОКИРАНА, 6000 МОРНАРИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ПОМОРСКИОТ ПРЕМИН

Поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина е речиси целосно прекинат денес, откако САД започнаа напади врз Иран втор ден по ред. Според податоците за следење на бродовите, повеќето регистрирани движења се случиле по водниот пат поблиску до брегот на Иран, додека коридорот низ оманските води, кој е поддржан од САД, остана во голема мера без сообраќај. […]
ЕГИПЕТ ГРАДИ „НОВ НИЛ“ ДОЛГ 170 КИЛОМЕТРИ, проектот е наречен Нова Делта и неговата цел е да се зголеми земјоделското производство

Египет започна еден од најголемите инфраструктурни проекти во својата историја. Вештачки канал долг околу 170 километри, кој многумина го нарекуваат „Нов Нил“, треба да донесе вода во западниот дел од земјата и да претвори илјадници квадратни километри пустина во обработливо земјиште. Сепак, експертите предупредуваат дека долгорочниот успех на проектот зависи од одржливоста на изворот на […]
САД СЕ ЗАКАНИ СО ЕКОНОМСКО ЕМБАРГО ЗА ШПАНИЈА, се подготвува список на шпански производи

Администрацијата на Доналд Трамп подготвува список на шпански производи за евентуално ембарго, откако американскиот претседател им нареди на службениците да ја суспендираат трговијата со европската земја утрово. Трамп ја повтори заканата за време на неговото учество на самитот на НАТО во Анкара, како одговор на одбивањето на Мадрид да ја поддржи целта на алијансата за […]
ВО СПЛИТ ТОПЧЕ СЛАДОЛЕД ДО ПЕТ ЕВРА, хрватскиот министер за туризам ги повика угостителите да ги намалат цените, по зачестените критики на странските гости дека Хрватска станува прескапа

Министерот за туризам во Хрватска, Тончи Главина, го повикува секторот да преземе мерки против зголемувањето на цените. Хрватска мора да „остане конкурентна“, поради што цените треба да се намалат „надолу“. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ реагираше уште поостро, изразувајќи големо незадоволство, особено од високите цени во супермаркетите покрај брегот. Како што објавува австрискиот весник „Клајне Цајтунг“, […]
ВО АЛБАНИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ОД ИНДИЈА И ОД ФИЛИПИНИ

Недостигот на локална работна сила сè повеќе ги тера албанските бизниси да бараат персонал во странство. Во последниве години, присуството на странски работници, особено од азиските земји, значително се зголеми во сектори како што се услуги во угостителството, индустријата и земјоделството. Од келнери и работници за одржување, до инженери и лица кои се грижат за […]
Во Штип државна матура не положиле 57 матуранти, од кои најмногу по англиски јазик

Педесет и седум матуранти од штипските средни училишта не положиле државна матура во првиот рок на полагање, од вкупниот број 53 не положиле англиски јазик, а четворица не го положиле испитот по македонски јазик. Снежана Санева, раководител на Сектор за образование и јавни дејности при општина Штип, вели дека повеќе од 400 матуранти положиле македонски […]
ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом

ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието. Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, […]
Марта Кос: Македонија може да биде во ЕУ до 2028 година, но уставните измени остануваат неопходен чекор

Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, порача дека Северна Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но нагласи дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапниот процес. Таа истакна дека е потребен заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик, државата да може целосно […]
Мицкоски: Очекуваме европската интергација да остане процес втемелен на јасни критериуми и вредност

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живот на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку […]
Во 2025 година вкупниот број на вработени во Македонија бележи намалување

Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 мажи, а 284 094 жени, објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во […]