Недостигот на локална работна сила сè повеќе ги тера албанските бизниси да бараат персонал во странство. Во последниве години, присуството на странски работници, особено од азиските земји, значително се зголеми во сектори како што се услуги во угостителството, индустријата и земјоделството.
Од келнери и работници за одржување, до инженери и лица кои се грижат за деца и стари лица, градежни раотници, странците стануваат сè повидлив дел од албанскиот пазар на трудот.
„Според податоците од Националната агенција за вработување и вештини, вкупно 18.156 апликации за вработување за странски државјани биле одобрени преку интернет во 2025 година. Во споредба со претходната година, нивниот број се зголемил за 43,4 отсто, што укажува на големиот прилив на странци кои доаѓаат да работат во земјата, стои во анализата на „Монитор“.
За 2025 година, најголемо зголемување на апликациите било забележано кај граѓани од Филипини и Индија. Од вкупниот број по 18 отсто припаѓаат на лица од овие две земји. При тоа на индиски граѓани им биле издадени 3.251 работна дозвола, речиси двојно повеќе од претходната година, а на граѓани од Филипините 3.279 дозволи.
Одобрените барања за работна дозвола за граѓани од Египет сочинувале 15 отсто од вкупниот број, од Турција 9 , од Косово 4 и од Италија 3 отсто.
Странските државјани кои бараат вработување во Албанија, според законот „За странци“, мора да добијат т.н. „единствена дозвола“, што вклучува виза, како и одобрување на дозвола за престој и работа.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








