ОРМУСКАТА ТЕСНИНА ПОВТОРНО БЛОКИРАНА, 6000 МОРНАРИ  СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ПОМОРСКИОТ ПРЕМИН

Поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина е речиси целосно прекинат денес, откако САД започнаа напади врз Иран втор ден по ред.

Според податоците за следење на бродовите, повеќето регистрирани движења се случиле по водниот пат поблиску до брегот на Иран, додека коридорот низ оманските води, кој е поддржан од САД, остана во голема мера без сообраќај.

Меѓу поголемите бродови, само еден супертанкер под санкции на САД што отплови од Персискиот Залив беше забележан во теснецот, како и контејнерски брод под иранско знаме, иако аналитичарите предупредуваат дека некои бродови може да пловат со исклучени транспондери.

Сообраќајниот метеж следеше по серија ирански напади врз трговски бродови, кои, според американската страна, беа причина за најновите воени операции, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот со Иран завршил.

Само 14 товарни бродови поминаа низ Ормуската Теснина во двата правци во среда, што е најмал број од постигнувањето на привремен договор меѓу Вашингтон и Техеран во средината на јуни.

Податоците од Кплер покажаа дека во текот на претходните три недели, просечниот дневен транзит бил 34 бродови, додека на 24 јуни е забележан врв од 59 премини.

Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ММО), Арсенио Домингез, изјави дека речиси 6.000 морнари се уште се заробени во Ормуската Теснина поради ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Осудувајќи ги иранските напади врз бродовите што минуваат низ теснецот, Домингез предупреди дека животите на членовите на екипажот се во сериозна опасност.

„Овие неодговорни напади повторно ги доведоа невините морнари во сериозна опасност. Ниеден морнар не треба да го ризикува својот живот само затоа што си ја врши работата“, рече тој.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано