ТОПЛОТНИОТ БРАН ГО НАМАЛУВА РОДОТ НА ГРОЗЈЕТО ВО ФРАНЦИЈА, бербата може да почне на 15 август еден месец порано

Продолжена суша и високи температури го загрозуваат овогодинешниот род на грозје во најпознатите винарски региони во Франција, при што производителите очекуваат една од најраните берби досега и помало производство на вино.

По рекордниот топлотен бран на крајот на јуни, лозјата во Шампањ, Бордо и Бургундија беа погодени од сушен период што траеше неколку недели, што го забави развојот на грозјето и ги оштети младите растенија.

Во Шампањ, бербата би можела да започне веќе околу 15 август, речиси еден месец порано отколку што беше порано.

Винарите проценуваат дека приносот на грозје ќе биде околу 10 проценти помал од минатата година, иако дел од недостатокот би можел да се компензира со користење на постојните резерви на вино. Производителите во Бургундија и Бордо предупредуваат дека падот на производството би можел да биде уште поизразен поради поинтензивниот топлотен бран, но велат дека е сè уште рано за конечни проценки.

Според нивните проценки, квалитетот на виното не мора да биде нарушен, иако високите температури и недостатокот на влага можат да ја зголемат содржината на шеќер во грозјето и да влијаат на аромата и содржината на алкохол во виното.

Франција е втор најголем производител на вино во светот, а временските услови оваа година претставуваат нов предизвик за секторот, кој во последните години е сè повеќе изложен на последиците од екстремните климатски настани, пишува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано