Кавадарци објави оглас за крал и кралица за „Тиквешкиот карневал“

Кавадарци е во потрага по крал и кралица за овогодинешниот тиквешки карневал, дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Од организацијата денеска информираа дека пријавувањето за крал и кралица, но и за останатите учесници во тиквешкиот карневал, трае до 20 јули.

Годинава, „Тиквешкиот гроздобер“ ќе се одржи од 4 до 6 септември.

Како и секоја година, така и оваа се очекуваат голем број посетители од земјава и странство.

Предвидени се низа настани, како и богата музичка програма.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано