ПОЧНАА ПРЕГОВОРИ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА, српската влада предлага зголемување за 50 евра

Министерството за финансии на Србија понудило зголемување на минималната плата во Србија за 2027 година за 9,2 проценти, од сегашните 550 евра на околу 600 евра. По првиот состанок на кој претставниците на Владата на Србија, работодавачите и синдикатите разговараа за зголемување на минималната плата, зголемувањето од 9,2 проценти би значело зголемување на платите од […]
НА 70 ОТСТО ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА ФРАНЦИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА

Речиси 70 проценти од територијата на Франција моментално е под ограничувања за потрошувачка на вода, поради интензивната суша предизвикана од повторените топлотни бранови што ја погодија земјата во последните три месеци, објави денес Министерството за еколошка транзиција на земјата. Ограничувањата за користење на вода се применуваат, во зависност од нивото на прогласената криза, за наводнување […]
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО КОЛУМБИЈА, повеќе од 80 загинати

Повеќе од 80 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија и урна згради во повеќе градови, пренесе ДПА. Стотици луѓе се повредени, а се известува за сериозна штета во повеќе делови од земјата, додека се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Силниот земјотрес се случи […]
КЛИМА УРЕДИТЕ ДА БИДАТ НА 25 СТЕПЕНИ, АКО ИЗЛЕГУВАТЕ НАДВОР НА 39 СТЕПЕНИ, советува доктор Здравески од ИЈЗ

Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од […]
ПРОБЛЕМОТ СО БАЛКАНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ ВО ЕУ НЕ Е РЕШЕН, утре регионална средба во Скопје

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана […]
МОСТОТ НА МАРКОВА РЕКА СЕ РЕКОНСТРУИРА, ДРАЧЕВЧАНИ СЕ СООЧУВААТ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ СООБРАЌАЈНИ ПОТЕШКОТИИ

Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на […]
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Од РКЕ посочуваат […]
НА ПРИОРИТЕТНАТА ЛИСТА ЗА ЈАВНИ ИНВЕСТИЦИИ ИМА 41 ПРОЕКТ, ОБЈАВИ МФ

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на […]
ГОЛЕМ ПАД НА ПОСЕТИ НА ГЕРМАНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ХРВАТСКА, во јуни хрватскиот туризам оствари помалку пристигнувања и ноќевања

Во јуни 2026 година, Хрватска регистрираше 3 милиони пристигнувања и 13,5 милиони ноќевања, што претставува намалување од 6,6 проценти кај пристигнувањата и 6,1 процент кај ноќевањата во споредба со истиот месец минатата година. Во исто време, домашните туристи забележаа значителен раст – нивниот број на пристигнувања се зголеми за 11,8 проценти, а ноќевањата за 11,7 […]
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ДО 40 СТЕПЕНИ

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат […]