ПОЧНАА ПРЕГОВОРИ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА, српската влада предлага зголемување за 50 евра

Министерството за финансии на Србија  понудило зголемување на минималната плата во Србија за 2027 година за 9,2 проценти, од сегашните 550 евра на околу 600 евра.

По првиот состанок на кој претставниците на Владата на Србија, работодавачите и синдикатите разговараа за зголемување на минималната плата,  зголемувањето од 9,2 проценти би значело зголемување на платите од 371 динар на 405 динари по работен час, што би изнесувало 70.470 динари месечно.

Министерството за финансии предложило и олеснувања за работодавачите, вклучително и зголемување на ослободениот од данок износ на платите.

Синдикатот на работодавачи смета дека можностите на економијата се да се зголеми минималната плата за осум проценти од 1 јануари 2027 година, со пресметка на инфлацијата и растот на бруто домашниот производ, а конечниот став ќе биде објавен на следниот состанок.

Синдикатите останаа на барањето да разговараат за процентното зголемување на вкупните плати и побараа јасен одговор кога во 2027 година „минималната“ ќе го достигне нивото на ветените 650 евра, пренесуваат медиумите во Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано