Во првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев има место за 3.341 бруцоши

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 […]

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

 Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени-прва класа за 40 денари, прва/втора и за индустриски капацитети 30 денари и шкарт како класа 15 денари. Ова во изјава за медиумите го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во […]

ВО ЈУНИ НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ И НА НОЌЕВАЊАТА

Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-јуни 2026 намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 […]

ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА ПОРАНО ЗАПОЧНА БЕРБАТА НА ГРОЗЈЕТО ЗА ПЕНЛИВО ВИНО, Сицилија започна со берба на винско грозје кон крајот на јули

Работниците во винскиот регион Франчакорта во Италија почнуваат со бербата на грозје до 10 дена порано од очекуваното, а поради високите температури, тие сè повеќе работат пред зори и преку ноќ за да го зачуваат квалитетот на грозјето наменето за производство на пенливо вино. Неделите со температури од 37 до 38 степени Целзиусови, во комбинација […]

НА ПОПИСОТ ВО АВСТРАЛИЈА ПРАШАЊА И ЗА РОДОТ И СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

За прв пат во пописот на населението, австралиските граѓани ќе можат да ја декларираат својата сексуална ориентација и пол, односно да пријават дали се идентификуваат со различен пол од оној при раѓање. Анкетата со 66 прашања беше спроведена низ целата земја, прва што се одржува под влада на централно-левичарската Лабуристичка партија. Сегашната лабуристичка влада ја […]

НАСКОРО ПРВ СЛОЈ АСФАЛТ НА БУЛЕВАРОТ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ КАЈ ДРАЧЕВО, објави градоначалникот Ѓорѓиевски, по бројните реакции на граѓаните за големиот сообраќаен метеж

По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето […]

ШТО ГИ ПОВРЗУВА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА И КОЛУМБИЈА, објаснување од аргентински геолог

Колумбија во понеделник беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, во кој, според прелиминарните податоци, загинаа 132 лица, повеќе од 570 беа повредени, додека 188 лица се водат како исчезнати. Поголемиот дел од жртвите се регистрирани во Переира, главниот град на департманот Рисаралдо, кој се граничи со Сан Хозе […]

ДОНЕСЕНА ИЗВРШНА НАРЕДБА ОД ТРАМП: ОТСЕГА САМО 11 ПРЕПОРАЧАНИ ВАКЦИНИ ЗА ДЕЦА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделник потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на препорачани вакцини за деца, ограничувајќи го распоредот за вакцинација на 11 вакцини. Нов распоред за вакцинација и поделба на вакцината против MMR Наредбата, исто така, препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (MMR) да се […]

ПРЕВОЗНИЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОГОВАРААТ ИЗЛЕЗ ОД БЛОКАДАТА на професионалните возачи во Шенген зоната

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната.  Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, […]

СКРОМЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ И НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ВО УСЛОВИ КОГА НА ПАЗАРОТ НЕДОСТАСУВААТ ОКОЛУ МИЛИОН СТАНОВИ

Кириите во новите станбени згради во Германија се зголемија во вториот квартал од 2026 година за 3,2 проценти на годишно ниво Кириите во Германија продолжуваат да растат поради недостиг на станови, а на земјата ѝ недостасуваат околу еден милион станови за да ја одржи понудата во рамнотежа со побарувачката, според податоците објавени денес од Здружението […]