ВО ЈУНИ НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ И НА НОЌЕВАЊАТА

Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јуни 2026 намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти.

Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 отсто биле домашни, а 77,2 процента странски. Ноќевањата биле 29,2 отсто од домашни, а 70,8 проценти од странски туристи.

Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година има намалување кај вкупните доаѓања за 10,3 проценти, а кај странските намалувањето е 13,3 проценти. Пораст има кај домашните туристи за 1,8 проценти.

Бројот на ноќевања во јуни се намалени за 8,9 проценти, додека кај странските гости има намалување за 12 проценти.

Најмногу странски туристи во јуни 2026 година дошле од Турција (24 570), Србија (8 522), Германија (4 396) и Бугарија (3 207).


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано