По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
– Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт. Ветивме и реализираме. Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат – се додава во објавата на Фејсбук, пренесува МИА.
Жителите од Драчево и околните места во општините Студеничани и Зелениково изнесоа бројни реакции на социјалните мрежи, поради големите колони возила што се прават поради градежните работи на овој дел од булеварот.
Фото Економија и бизнис








