ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА ПОРАНО ЗАПОЧНА БЕРБАТА НА ГРОЗЈЕТО ЗА ПЕНЛИВО ВИНО, Сицилија започна со берба на винско грозје кон крајот на јули

Работниците во винскиот регион Франчакорта во Италија почнуваат со бербата на грозје до 10 дена порано од очекуваното, а поради високите температури, тие сè повеќе работат пред зори и преку ноќ за да го зачуваат квалитетот на грозјето наменето за производство на пенливо вино.

Неделите со температури од 37 до 38 степени Целзиусови, во комбинација со подпросечни врнежи од дожд, доведоа до тоа некои производители во Франчакорта да го забележат својот најран почеток на бербата, околу 10 дена порано од минатата година и околу еден месец порано од пред 30 години.

Експертите велат дека неколку фактори придонеле за бербата во Франчакорта да започне толку рано оваа година.

Релативно благата зима значеше дека лозите порано формираа пупки, додека градот оштети дел од приносот, ослабувајќи го плодот и предизвикувајќи порано созревање.

Франкакорта не е единственото вино чија берба започна порано оваа година. Сицилија започна со берба на винско грозје кон крајот на јули, додека мали делови од Тоскана, како и повеќето региони за производство на пенливо вино, исто така започнаа со берба, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано