За прв пат во пописот на населението, австралиските граѓани ќе можат да ја декларираат својата сексуална ориентација и пол, односно да пријават дали се идентификуваат со различен пол од оној при раѓање.
Анкетата со 66 прашања беше спроведена низ целата земја, прва што се одржува под влада на централно-левичарската Лабуристичка партија.
Сегашната лабуристичка влада ја поништи својата одлука и повторно ги вклучи тие прашања, откако привремено ги отстрани пред две години, наведувајќи дека се „поларизирачки“.
Прашањата се наменети за членови на домаќинството над 16 години.
Опциите за одговор за сексуална ориентација се: хетеросексуален, геј или лезбејски, бисексуален, „не знам“, „не сакам да одговорам“ или термин по избор на испитаникот што може да се внесе во даденото празно поле.
Опциите за моментално идентификуваниот пол на испитаникот, кој е различен од оној регистриран при раѓање, се: машки, женски, небинарен, „не сакам да одговорам“ или друг термин што испитаникот може да го наведе.
Прашањата за полот и сексуалната ориентација се опционални, како и прашањето за религијата, кое е вклучено уште од првиот попис во 1911 година.
За време на кампањата за изборите во 2022 година, на кои дојде на власт по девет години во опозиција, Лабуристичката партија вети дека прашањата за сексуалноста и полот ќе бидат вклучени во следниот попис.
Австралиската влада ги одредува темите за секој попис, додека Бирото за статистика (ABS) одлучува за формулацијата на прашањата.
Главниот статистичар на ABS, Дејвид Груен, изјави дека неговата служба открила „значаен интерес за поставување прашања за полот и сексуалната ориентација“ за време на јавните консултации пред пописот.
„За еден дел од населението, собирањето на овие податоци е многу важно. Но, за другите луѓе, тоа се информации што едноставно не сакаат да ги споделат“, изјави Груен за јавниот радиодифузер на Австралија, ABC.
ABS очекува 85 проценти од одговорите да бидат доставени преку интернет. Непочитувањето на наредбата за учество во пописот може да резултира со казна до 364 австралиски долари дневно, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис








