Речиси 70 проценти од територијата на Франција моментално е под ограничувања за потрошувачка на вода, поради интензивната суша предизвикана од повторените топлотни бранови што ја погодија земјата во последните три месеци, објави денес Министерството за еколошка транзиција на земјата.
Ограничувањата за користење на вода се применуваат, во зависност од нивото на прогласената криза, за наводнување на градини и зелени површини, полнење базени, миење автомобили и наводнување на посевите.
„Додека Франција доживува особено интензивна суша, ефектите од климатските промени продолжуваат да ги влошуваат тензиите околу водните ресурси“, се вели во соопштението.
Од вчера, 99 департмани во Франција, односно области од речиси сите градови во таа земја, се барем на прагот на предупредување за потрошувачка на вода, а меѓу нив 67 департмани се во кризна состојба, а 21 се во состојба на зголемена готовност.
Фото Економија и бизнис








