Попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до […]
РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРСТВА – Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“

Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“. Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански […]
СВЕТСКИТЕ ЗАЛИХИ НА НАФТА СЕ НАМАЛИЛЕ, би можеле да паднат на оперативен минимум до септември, според процените на големите американски банки

Светските залихи на нафта се намалиле за околу 4,8 милиони барели дневно во периодот од 1 март до 25 април. Околу 60 проценти од тој пад се однесува на суровата нафта, додека остатокот се однесува на нафтените деривати, покажуваат проценките на банката Морган Стенли. Ова е значително поголем пад од претходното рекордно квартално намалување претходно […]
МОЖНО ПРИВРЕМЕНО УКИНУВАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНИОТ ДАНОК НА ГОРИВАТА, АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП БАРА ИЗЛЕЗНО РЕШЕНИЕ ЗА ВИСОКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА ВО САД

Aдминистрацијата на претседателот Доналд Трамп е подготвена да ги разгледа сите опции за намалување на цените на горивата, вклучително и привременото суспендирање на федералниот данок, односно акцизите на бензинот, додека цените на горивата во Соединетите Американски Држави продолжуваат да растат поради конфликтот со Иран, поради што се зголемија за 50 проценти во споредба со пред […]
СРБИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ЗНАЕ НА КОЕ МЕСТО ЌЕ ЈА ГРАДИ ПРВАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА

Следната година Србија ќе донесе конечна одлука каде да се изгради нуклеарна централа и каква технологија ќе се користи, изјави министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „Спроведена е прелиминарна студија во која се разгледуваше како и на кој начин може да се интегрира најдобриот нуклеарен објект во нашиот енергетски и преносен […]
СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ ХРВАТСКА, СРБИЈА ПОПЛАДНЕВО ЈА ПОГОДИ СИЛНО НЕВРЕМЕ

Промената на времето што веќе ја зафати Хрватска ќе продолжи и во вторник навечер. Жолто-портокалово предупредување за времето е издадено за делови од земјата поради ризик од силни ветрови. Како што објави BHmeteo на социјалните мрежи, градот целосно го избели подрачјето на Градачац и неговата околина и уништи земјоделски посеви. Се очекува студен фронт да […]
Автопатот Кичево-Охрид целосно функционален во првиот квартал од 2027 година

Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и […]
Град Скопје планира да организира заедничка матурска прослава за учениците од сите етнички припадности, Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози

Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолозите ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, а други по нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека […]
Оптимизирањето на културните установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави министерот Љутков

Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции – изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на […]
Мавровско Езеро порибено со два тона крап во пресрет на Светското првенство

Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно […]