ВО КИСЕЛА ВОДА Е ПРОДАДЕН НАЈСКАПИОТ СТАН – 2.888 ЕВРА ЗА КВАДРАТ

Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на […]
ПОВИК ДО МЛАДИТЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА, Центар обезбеди 2 милиони денари за субвенции

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочува дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. -Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не […]
Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената

Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште – порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата […]
ОД НАДЕЖ ДО ФРУСТРАЦИЈА ПО ИЗБОРОТ НА МЕРЦ, какво е расположението во германската бизнис заедница една година по неговиот избор за канцелар

Никој немаше поголеми очекувања од канцеларството на Фридрих Мерц од германската бизнис заедница. Сепак, почетната еуфорија денес е заменета со горчливо разочарување. Кога Фридрих Мерц стапи на функцијата во мај 2025 година, управните одбори на големите компании беа исполнети со надеж. Лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) вети ништо помалку од „економски пресврт“. Под негово […]
Новата влада на Унгарија со амбициозна цел за воведувањето на еврото до 2030 година

Новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, сака да обезбеди враќање на земјата во главните текови на Европската Унија и презема брзи чекори за подобрување на односите нарушени од долгорочното владеење на Виктор Орбан. Дел од таа стратегија е планот Унгарија да биде подготвена да влезе во Еврозоната до крајот на деценијата. Сепак, некои во земјата, […]
ЕВРОПА Е ИЗЛОЖЕНА НА „ЦЕНОВНО“ ЦУНАМИ, високите цени на храната европските домаќинства ќе ги почуствуваат за шест месеци, предупредуваат економистите

Растот на цените на нафтата и гасот, нарушувањата во синџирите на снабдување и глобалните кризи веќе влијаат врз порастот на цените на храната низ целиот свет, а последиците би можеле посилно да ги погодат европските пазари во наредните месеци, предупредуваат економистите. Професорот Слободан Аќимовиќ рече дека поголемо влијание врз цените на храната предизвикало почетокот на […]
Може ли Иран да им наплаќа на технолошките компании за подводни кабли во Ормуската Теснина?

Во изминатите денови Иран инсистираше дека има право да им наплаќа на меѓународните бродови за премин низ Ормуската Теснина, но сега две новински ирански агенции, објавуваат информации за предлози со кои се повикува Техеран да оди чекор понатаму со наметнување такси на глобалните технолошки компании кои управуваат со подводни оптички кабли што минуваат низ тесниот […]
НОРВЕШКА ЌЕ ГО НАДОМЕСТУВА НЕДОСТИГОТ НА НАФТА И ГАС ПРЕДИЗВИКАН ОД ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК, реактивирани три гасни полиња во морето

Норвешка е подготвена да го зголеми производството на нафта и гас, а министерот за енергетика Терје Асланд изјави дека има „одговорност“ да помогне во надоместувањето на недостигот предизвикан од војните во Украина и Блискиот Исток. Асланд оваа недела објави дека три гасни полиња на јужниот брег на земјата ќе бидат повторно отворени речиси три децении […]
ДЕЛОВИ ОД ВОЛКОВО И ДОЛНО СОЊЕ БЕЗ СТРУЈА, и без вода жители на неколку скопски улици

Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, денес (12 мај) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода, информира Центарот за управување со кризи. Од ЕВН информираат дека без електрична енергија ќе останат: – од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улица „95“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров; како […]
КИНА СТАНУВА СЕРИОЗЕН ИНДУСТРИСКИ КОНКУРЕНТ НА Г7, до 2030 година ќе преземе над 650 милијарди долари од глобалниот извоз

Индустриската стратегија на Народна Република Кина претставува сериозна закана за индустриското производство вредно стотици милијарди долари во земјите од Групата седум најразвиени економии (Г7) и ги загрозува нивните индустриски капацитети. До 2030 година, извозот во вредност од околу 650 милијарди долари би можел да биде загрозен поради растот на Кина на светскиот пазар, предупреди денес […]