Може ли Иран да им наплаќа на технолошките компании за подводни кабли во Ормуската Теснина?

Во изминатите денови Иран инсистираше дека има право да им наплаќа на меѓународните бродови за премин низ Ормуската Теснина, но сега две новински ирански агенции, објавуваат информации за предлози со кои се повикува Техеран да оди чекор понатаму со наметнување такси на глобалните технолошки компании кои управуваат со подводни оптички кабли што минуваат низ тесниот воден пат помеѓу Персискиот Залив и отвореното море.

Повторното отворање на поморскиот премин, кој Техеран ефикасно го затвори откако САД и Израел започнаа бомбардирање на 28 февруари, останува клучен камен на пречка за завршување на војната. Техеран тврди дека е суверен над стратешкиот воден пат, што меѓународната заедница го отфрла.

Експертите велат дека предлозите со кои се повикува Иран да бара плаќање за подводни кабли под теснецот се повеќе закана отколку одржлив план.

Подморските кабли се претежно во сопственост и се управувани од меѓународни технолошки компании, а преку нив се  пренесуваат  општи интернет податоци помеѓу Азија, Европа и Персискиот Залив.

Доколку подморските кабли што минуваат низ Ормуз бидат прекинати, влијанието врз обичните луѓе низ Азија, Блискиот Исток и Европа би било непосредно и обемно.

Стриминг услугите би почнале да забавуваат или целосно да престанат да работат. Апликациите за пораки би забавиле или би се исклучиле. Видео повиците би биле прекинати. Онлајн банкарството и плаќањата со картички би можеле да бидат нарушени. Давателите на интернет услугите би можеле да го пренасочуваат сообраќајот преку други кабли или сателити, но капацитетот е ограничен, што значи помали брзини за сите, дури и таму каде што поврзувањето би продолжило.

Новинските агенции „Тасним“ и „Фарс“ тврдат дека Иран треба да го потврди суверенитетот над мрежата на подморски кабли што минуваат низ теснецот и да ја монетизира таа мрежа.

Во најтесниот дел од теснецот, поморските територијални претензии на Иран и Оман целосно се преклопуваат, што значи дека каблите се физички лоцирани на територија што ја бара Иран.

Поставувањето кабли таму без овластување, пренесува агенцијата Тасним, претставува „окупација на иранска почва под вода“ и бара и лиценца и такси.

Моделот на приходи е донекаде позајмен од Египет, за кој се тврди дека заработува стотици милиони долари годишно од подморските кабли што минуваат низ Суецкиот канал, објавува Радио Слободна Европа.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано