KОЛКАВ Е ГОДИШНИОТ ПРИХОД НА ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР? – oбјавена имотната состојба на грчките политичари

Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалниот сајт на Парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска, јави дописничката на МИА од Атина.

Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалната веб-страница на парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска – јави дописничката на МИА од Атина.

Декларациите доставени лани се однесуваат на имотната состојба во 2024 година, а се задолжителни за премиерот, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, како и на нивните сопружници.

Од грчкиот парламент соопштија дека имотните состојби се објавени неревидирани, онака како што биле поднесени, а станува збор за вкупно 1.837 годишни изјави.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, пријавил годишен приход од 81.674 евра, банкарски депозити од 575.208 евра и 419 американски долари, 26 недвижности на Крит, Кикладските острови и во Јанина, две возила, учество во една компанија, како и кредит од 150.000 евра.

Според грчките медиуми, за една година, Мицотакис продал грчки државни обврзници во вредност од 500.000 евра, кои биле купени за 490.000 евра.

Претседателот на земјата Константинос Тасулас, во декларацијата за 2024 година, кога беше претседател на Парламентот, пријавил годишен приход од 45.420 евра, три недвижнина во областа Епир, едно возило, кредит од 15.000 евра, како и депозити во вкупна вредност од околу 85.000 евра.

Приходите на претседателот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андрулакис, достигнуваат до 58.034 евра од кои 21.500 се од недвижнини, сопственик е на 17 недвижнини и едно возило, има учество во две компании, како и депозити од 58.399 евра, наспроти една година претходно кога пријавил депозит од 1.076.358 евра во грчки и странски банки.

Преку допис до претседателот на парламентарната комисија за контрола на изјавите, информираше дека „со изненадување утврдил дека по грешка и поради очигледна невнимателност на неговиот сметководител“, не биле вклучени банкарските сметки во странство, кои, како што објасни, редовно ги пријавува над една деценија и посочи дека веднаш ќе ги започне сите законски процедури за дополнување на пропустот.

– Мојата имотна и финансиска состојба е позната, транспарентна и објавувана со години, напиша Андрулакис во писмото. 

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано