Попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, a во попладневните часови ќе услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според прогнозите, во среда ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Од петок и за време на викендов времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Утре ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 километри на час.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано