Од 9 ноември нови правила за банкарските плаќања: Се менуваат шифрите за плаќање, сметките добиваат ознака МК07

Банкарските провизии низ призмата на модернизацијата на платежната инфраструктура и јавниот интерес

Од 9 ноември 2026 година започнува примената на промените во националните платежни трансакции и платежните сметки, како резултат на усогласувањето со Законот за платежни услуги и платни системи, регулативата на Народната банка и меѓународниот стандард ISO 20022.

Промените се однесуваат на сите учесници во платежниот систем и опфаќаат:

1. Нов IBAN формат на денарските платежни сметки

Постојниот број на Вашата денарска платежна сметка останува непроменет, а во новиот формат пред него ќе биде додадена ознаката MK07.

При плаќање преку електронското банкарство нема промена во начинот на внесување на сметката. Бројот на сметката ќе продолжите да го внесувате на ист начин како и досега, а Банката автоматски ќе го конвертира во новиот IBAN формат со додавање на MK07.

2. Нови стандардизирани платни налози

Досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 ќе бидат заменети со нови стандардизирани платни налози, со изменет изглед, распоред и содржина на полињата.

При користење на електронското банкарство нема да забележите промена во начинот на креирање и внесување на платните налози. Потребните прилагодувања ќе бидат направени автоматски од страна на Банката.

Кај плаќањата со хартиени налози ќе се применуваат новите стандардизирани обрасци.

3. Нови шифри за целта на плаќањето

Досегашните нумерички шифри за целта на плаќањето ќе бидат заменети со нови алфанумерички шифри.

За да ги подготвувате налозите точно и без непотребно одложување, во продолжение и во прилог Ви доставуваме практичен преглед на новите шифри за најчесто користените видови плаќања:

Целосна листа на шифри:

Деталниот преглед на сите шифри согласно новите измени: https://nov.proagens.mk/…/9.11.2026-Novi-shifri-za…

Споредбен преглед на стари и нови шифри за плаќање: https://nov.proagens.mk/…/9.11.2026-Sporedben-pregled…

ВАЖНО: За сите платни налози со датум на извршување од 9 ноември 2026 година, задолжително изберете ја соодветната нова шифра според видот и намената на плаќањето.

Доколку користите сопствен ERP, сметководствен или друг систем за подготовка на платни налози, проверете ги и навремено ажурирајте ги Вашите шаблони и системски поставки согласно новите стандарди.

Што значат промените за Вас?

Доколку плаќањата ги извршувате директно преку електронското банкарство, начинот на внесување на сметките и платните налози останува непроменет.

Потребно е да ја користите новата шифра за целта на плаќањето за налозите со датум на извршување од 9 ноември 2026 година.

Доколку користите ERP или друг систем за генерирање платни налози, навремено проверете дали е потребно негово прилагодување.


извор ПроАгенс

Повеќе од истиот автор

Најчитано