ДЕЛОВИ ОД ВОЛКОВО И ДОЛНО СОЊЕ БЕЗ СТРУЈА, и без вода жители на неколку скопски улици

Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, денес (12 мај) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода, информира Центарот за управување со кризи.

Од ЕВН информираат дека без електрична енергија ќе останат:

– од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улица „95“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров; како и од 12:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улица „16“ во село Долно Соње, во општина Сопиште.

Поради интервенции во водоводната мрежа, прекинато водоснабдување ќе има: од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, на улица „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, при што без вода ќе останат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во општина Чаир;

– од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, поради зафати на булевар „Партизански одреди“ бр. 48а, без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ и околината, во општина Карпош.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано