УНГАРИЈА САКА БРЗО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕВРОТО, но рокот сè уште не е официјално утврден

Унгарија сака да го воведе еврото што е можно поскоро, очекувајќи поголема економска предвидливост и поповолни услови за задолжување.

Премиерот Петер Маѓар го поддржа забрзувањето на тој процес, но датумот за замена на форинтата со заедничката европска валута сè уште не е утврден.

„Колку побрзо, толку подобро“, изјави Маѓар, по презентацијата на предлог-буџетот за 2027 година.

Според него, членството во еврозоната би придонело за стабилност на цените и би донело придобивки за економијата, вклучително и пониски трошоци за станбени кредити.

Министерот за финансии Андраш Карман изјави дека еврото би можело да се воведе во 2032 година, ако буџетскиот дефицит падне под три проценти од бруто-домашниот производ (БДП) до 2030 година. Сепак, тој рок сè уште не е официјално утврден.

Буџетскиот план предвидува намалување на дефицитот од очекуваните 7,5 проценти од БДП оваа година на 4,9 проценти во 2027 година.

За унгарската влада, еврото е цел на економската политика, но брзината на неговото воведување ќе зависи од способноста на земјата трајно да ги исполни сите пропишани услови.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано