ОРМУСКАТА ТЕСНИНА ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ДО КРАЈОТ НА МАЈ, САД ПОСЕГНУВА ПО СТРАТЕШКИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА

Американската агенција за енергетски информации (EIA) денес процени дека Ормуската Теснина ќе биде ефикасно затворена до крајот на мај и дека сообраќајот преку таа стратешка рута постепено ќе се обнови дури од следниот месец, што ја натера да ги зголеми своите прогнози за цените на моторните горива во Соединетите Американски Држави (САД). Според очекувањата на […]

СЗО OЧЕКУВА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ СО ХАНТАВИРУСОТ

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите да се подготват за повеќе случаи на хантавирус, бидејќи здравствените власти во Париз потврдија дека Французинка заразена со вирусот на крузерот MV Hondius е ставена на респиратор. Пациентката, која е на интензивна нега, развила најтешка форма на болеста. Здравствените власти во Париз доцна во вторникот објавија […]

БЕЛГРАД ВЕЧЕРВА ЗАФАТЕН ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ, повеќе улици се поплавени

Панорама на Белград

Силен пороен дожд и бура вечерва го погодија  Белград и други градови во  Србија. Во Земун врнеше толку многу што и Дунав беше разбран. На мостот Ада се формираше силна бура, а сообраќајот се одвива многу бавно. Поројни водотеци се формираа и на другите белградски улици. Улиците се лизгави, па затоа на возачите им се […]

Франција побара итна координација од ЕУ поради хантавирусот

Поради појавата на потенцијално смртоносен хантавирус на холандски крузер кој моментално плови од Канарските Острови, Франција побара „потесна координација“ на здравствените служби на земјите од Европската Унија и Шенген зоната. Од петте француски државјани евакуирани од бродот „ХМ Хондиус“, сместени во строга изолација во болницата Биша во Париз, четворица имале негативен тест, а една жена […]

Поради употребата на терминот „северно-македонски“ МНР упати усен демарш на бугарскиот амбасадор

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се […]

ГОДИШНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО СРБИЈА СО РАСТ ОД 3,3 ОТСТО

Годишната инфлација во Србија се зголеми од 2,8 проценти во март на 3,3 проценти во април, објави денес Републичкиот завод за статистика. Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во април 2026 година, во споредба со март 2026 година, се зголемија за 0,8 проценти во просек. Во споредба со инфлацијата во истиот месец од […]

РАСТЕ БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, НО НОЌЕВАЊАТА БЛАГО ОПАЃААТ

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6,9 %. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната […]

М-таговите достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава – А1 Македонија и Македонски телеком. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги.  […]

Да ја зачуваме автохтоната македонска медоносна пчела, Недела на пчелата во Гевгелија

Општина Гевгелија и Пчеларската федерација на Македонија, под мотото „Биди дел од решението за одржлива иднина“, утре симболично ќе го почнат одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Тие, со поддршка на Амбасадата и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, како и на АДРА Македонија, организираат Недела на пчелата – манифестација […]

Давид Гета ќе настапи за 35 години независност на државата, во програмата  ќе има уште два големи концерта помеѓу 8 август и 8 септември

Авалон-продукција и Владата најавија музичка програма со повеќе концерти за 35 години независност на државата, а централен ќе биде настапот на Давид Гета, еден од најголемите светски музичари, на стадионот „Тоше Проески“ на 8 септември. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“. Организаторите денеска на прес-конференција најавија дека спектаклот ќе биде […]