ГОДИШНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО СРБИЈА СО РАСТ ОД 3,3 ОТСТО

Годишната инфлација во Србија се зголеми од 2,8 проценти во март на 3,3 проценти во април, објави денес Републичкиот завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во април 2026 година, во споредба со март 2026 година, се зголемија за 0,8 проценти во просек.

Во споредба со инфлацијата во истиот месец од 2025 година, потрошувачките цени во април 2026 година се зголемија за 3,3 проценти, а во споредба со декември 2025 година за 2,1 процент, во просек, се наведува во соопштението.

Гледано по главните групи на производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во април 2026 година, во споредба со претходниот месец, раст на цените е забележан во следните групи: Облека и обувки (2,5 проценти), Транспорт (2,2 проценти), Храна и безалкохолни пијалоци (1,0 проценти), Ресторани и хотели (0,8 проценти), Здравје (0,5 проценти), Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива (0,3 проценти) и Рекреација, спорт и култура (0,2 проценти).

Пад на цените е забележан во групите Предмети и услуги за лична нега, социјална заштита и други услуги (-0,3 проценти), Мебел, опрема за домаќинството и тековно одржување на станови (-0,2 проценти) и Образование (-0,1 процент).


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано