Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6,9 %.
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 0,3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %.
Во март 2026 година, од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во март 2026 година изнесува 134 233, од кои 26,5 % се од домашните туристи, а 73,5 % од странските туристи.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во март 2026 година:
- 9 645 од Германија
- 9 090 од Турција
- 4 945 од Франција
- 3 955 од Србија
Фото Економија и бизнис








