МОЖНО ПРИВРЕМЕНО УКИНУВАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНИОТ ДАНОК НА ГОРИВАТА,  АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП БАРА ИЗЛЕЗНО РЕШЕНИЕ ЗА ВИСОКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА ВО САД

Aдминистрацијата на претседателот Доналд Трамп е подготвена да ги разгледа сите опции за намалување на цените на горивата, вклучително и привременото суспендирање на федералниот данок, односно акцизите на бензинот, додека цените на горивата во Соединетите Американски Држави продолжуваат да растат поради конфликтот со Иран, поради што се зголемија за 50 проценти во споредба со пред конфликтот, изјави денеска Министерот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт.

Рајт во интервју за NBC изјави дека администрацијата ги поддржува „сите мерки што можат да ја намалат цената на горивото и трошоците за американските граѓани“.

На прашањето дали Трамп го поддржува укинувањето на федералниот данок на бензин, кој е околу 18 центи за галон, Рајт рече дека администрацијата е „отворена за сите идеи“, додавајќи дека „сè има последици“.

Според Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот во САД денес достигна 4,52 долари за галон, што е зголемување од повеќе од 50 проценти од почетокот на војната со Иран.

Рајт одби да процени дали просечната цена на бензинот би можела да достигне пет долари за галон, велејќи дека не сака да дава прогнози за краткорочното или среднорочното движење на цените на енергијата, пренесува Еуроњуз Србија.

– Ќе го укинеме данокот на гориво за одреден период, а кога цените ќе паднат, повторно ќе го воведеме. Планот за спасување на авиокомпаниите не е реален и авиокомпаниите не се снаоѓаат лошо, изјави Трамп за Си-Би-Ес.

Американските држави исто така сами воведуваат данок на бензинот, а Индијана, Кентаки и Џорџија работат на намалување за да им го олеснат данокот на потрошувачите.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано