Рекорден раст на патници од 32,4 отсто на Скопскиот и на Охридскиот аеродром

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите четири месеци од 2026 година, со рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, […]

ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ, пониска цена и за бензинот

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за […]

ПО ВАНДАЛИЗМОТ ВО УЧИЛИШТЕТО, Општина Штип ќе поставува алармни системи низ училишта, но и 190 камери на јавни површини

По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а […]

ВРЕМЕ Е ВО ЦЕЛИОТ ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ ЗА 10 ДО 20 ОТСТО, препорачува хрватскиот министер за туризам

Министерот  за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, денес изјави дека туристичката сезона оваа година ќе биде специфична поради нарушувањата во сообраќајот и патувањата предизвикани од војната на Блискиот Исток и апелираше до целиот туристички сектор да ги намалат цените за 10 до 20 проценти. „Упатен е апел до сите засегнати страни во туристичкиот […]

КИРИИТЕ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ СЕ ПОВИСОКИ ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, Прага и Лисабон се најнеповолни за изнајмување станови

Домувањето и комуналните услуги се најголемата категорија трошоци за европските домаќинства. Според најновите податоци на Евростат, 23,6 проценти од потрошувачката на домаќинствата во ЕУ е за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива. Киријата претставува особено голем дел од трошоците во големите градови. Поважно е што киријата е огромен товар за работниците со минимална […]

СЕДУМ НАЈВИСOКИ БРУТО ПЛАТИ ВО ЦРНА ГОРА  СО НАД 100.000 ЕВРА, највисоката мартовска плата била исплатена во хотелиерството

Седумте највисоки бруто заработки во март надминаа 100.000 евра, објавува ТВЦГ. Според податоците на Даночната управа, седумте највисоки пријавени бруто заработки во Црна Гора во текот на март изнесуваа повеќе од 100 илјади евра. Меѓу дејностите, доминираат финансискиот сектор, туризмот и трговијата, а највисоките регистрирани заработки се исплатени во областа на хотелите и слични сместувачки […]

САД И КИНА ЌЕ ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКИ ТРГОВСКИ И ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ, следува средба Доналд Трамп  со Си Џинпинг

Белата куќа денеска објави детали за претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина каде што треба да има средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп пристигнува во Пекинг во среда навечер. Официјалниот пречек ќе биде во четврток, а вечерта истиот ден ќе се одржи државен прием во чест на американскиот гостин. Во петок […]

ЕВРОПСКИОТ КЛУБ НА УЛТРАБОГАТИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА 26 ОТСТО, Полска, Турција и Романија имаат највисоки стапки на раст

Клубот на ултрабогати во Европа брзо се шири. Бројот на луѓе со најмалку 30 милиони долари (25,7 милиони евра) нето средства – познати како ултрабогати поединци порасна во Европа за 26 проценти во текот на изминатите пет години. Ова значи дека 37.428 нови членови се приклучиле на оваа ексклузивна група помеѓу 2021 и 2026 година, […]

КИНА ИМА ПОВЕЌЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА ОД АМЕРИКА, ЈАПОНИЈА И ЕВРОПА ЗАЕДНО

Кина ги поседува најголемите стратешки резерви на нафта во светот, кои се проценети на 1,4 милијарди барели, што е повеќе од вкупните резерви на следните девет земји со  најголеми резерви. Овие податоци покажуваат колку брзо големите сили се подготвуваат за можни енергетски шокови, војни, санкции и нарушувања на глобалниот пазар на горива. Според податоците од […]

ЧЕТИРИ СЕКТОРИ ОСТВАРИЈА ВИСОКИ ПРОФИТИ, ЗА ДВА МЕСЕЦА МИЛИЈАРДА БАРЕЛИ НАФТА НЕ БЕА ИСПОРАЧАНИ НА ПАЗАРОТ

Светот е лишен од околу една милијарда барели нафта во последните два месецa и дури и ако протокот на енергија продолжи, ќе биде потребно време системот да се врати во нормала, изјави денес извршниот директор на саудискиот нафтен гигант АРАМКО. „Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога системот е […]