САД И КИНА ЌЕ ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКИ ТРГОВСКИ И ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ, следува средба Доналд Трамп со Си Џинпинг

Белата куќа денеска објави детали за претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина каде што треба да има средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп пристигнува во Пекинг во среда навечер. Официјалниот пречек ќе биде во четврток, а вечерта истиот ден ќе се одржи државен прием во чест на американскиот гостин. Во петок […]
ЕВРОПСКИОТ КЛУБ НА УЛТРАБОГАТИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА 26 ОТСТО, Полска, Турција и Романија имаат највисоки стапки на раст

Клубот на ултрабогати во Европа брзо се шири. Бројот на луѓе со најмалку 30 милиони долари (25,7 милиони евра) нето средства – познати како ултрабогати поединци порасна во Европа за 26 проценти во текот на изминатите пет години. Ова значи дека 37.428 нови членови се приклучиле на оваа ексклузивна група помеѓу 2021 и 2026 година, […]
КИНА ИМА ПОВЕЌЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА ОД АМЕРИКА, ЈАПОНИЈА И ЕВРОПА ЗАЕДНО

Кина ги поседува најголемите стратешки резерви на нафта во светот, кои се проценети на 1,4 милијарди барели, што е повеќе од вкупните резерви на следните девет земји со најголеми резерви. Овие податоци покажуваат колку брзо големите сили се подготвуваат за можни енергетски шокови, војни, санкции и нарушувања на глобалниот пазар на горива. Според податоците од […]
ЧЕТИРИ СЕКТОРИ ОСТВАРИЈА ВИСОКИ ПРОФИТИ, ЗА ДВА МЕСЕЦА МИЛИЈАРДА БАРЕЛИ НАФТА НЕ БЕА ИСПОРАЧАНИ НА ПАЗАРОТ

Светот е лишен од околу една милијарда барели нафта во последните два месецa и дури и ако протокот на енергија продолжи, ќе биде потребно време системот да се врати во нормала, изјави денес извршниот директор на саудискиот нафтен гигант АРАМКО. „Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога системот е […]
ДУПЛО ЗЛАТО ЗА ВИНОТО ОД ФАМИЛИЈАРНА ВИНАРИЈА ВО ВАТАША, прогласени најдобрите вина од македонска автохтона сорта на грозје, „станушина“

Во Скопје денеска беа прогласени најдобрите вина од македонска автохтона сорта на грозје, „станушина“, настан организиран од здружението „Македонски семејни винарии“. Дегустацијата и оценувањето беа реализирани од вински експерти, кои учествуваат и во интернационални оценувања. Дипломите ги додели Јадранка Клариќ, познавач на виното, промотор и презентер на македонското вино во земјава и надвор од неа. […]
ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ ЗА ХАНТАВИРУСОТ: Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв!

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и […]
„СО СИЛНИ СЕСТРИ ИМА СИЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ“, беше порачано од одбележувањето на Меѓународниот ден на медицинските сестри

Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 […]
ОТВОРЕН ПРВИОТ ТЕХНОЛОШКИ ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА – N99 Deep Tech Park

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација. N99 Deep Tech Park е […]
„КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Е ЕКОНОМСКА КАТАСТРОФА ЗА ДЕЛ ОД ЕВРОПА“, германската индустрија во пад втор месец по ред

Во март 2026 година, индустриското производство во Германија се намали втор месец по ред поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток. „Германското индустриско производство неочекувано падна втор месец по ред во март, што предизвика загриженост за најголемата економија во Европа која се справува со последиците од војната во Иран“, соопштија статистичарите. Според податоците на германската […]
СРБИЈА ГО ГУБИ СТАТУСОТ КАКО „РАЈ ЗА ЕВТИНА СТРУЈА“, меѓу земјите со пониски цени е и Македонија

Цената на електричната енергија за домаќинствата во Србија неколку години по ред, поточно од енергетската криза во 2022 година, повеќе не е најниска во Европа, а најновите податоци на Евростат покажуваат дека тоа не било случај ниту во втората половина на 2025 година. Иако сè уште е на дното на европската скала, Турција, Грузија, Босна […]