СРБИЈА ГО ГУБИ СТАТУСОТ КАКО „РАЈ ЗА ЕВТИНА СТРУЈА“, меѓу земјите со пониски цени е и Македонија

Цената на електричната енергија за домаќинствата во Србија неколку години по ред, поточно од енергетската криза во 2022 година, повеќе не е најниска во Европа, а најновите податоци на Евростат покажуваат дека тоа не било случај ниту во втората половина на 2025 година. Иако сè уште е на дното на европската скала, Турција, Грузија, Босна […]

СТАГНИРА РЕАЛНАТА КУПОВНА МОЌ НА АМЕРИКАНСКАТА СРЕДНА КЛАСА

Просечното американско семејство денес заработува повеќе отколку во 2007 година, пред почетокот на финансиската и глобалната економска криза (2008 година), но кога приходите се споредуваат со растот на цените, сликата за реалната куповна моќ станува поинаква. Во истиот период, најбогатите Американци го зголемиле своето богатство неколку пати, а технолошките милијардери дури и за неколку илјади […]

РАБОТНИЦИТЕ ОД СРБИЈА СЕ НАЈБАРАНИ ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ХРВАТСКА, поради нивното познавање на јазикот

Според официјалните податоци од Хрватскиот институт за пензиско осигурување (HZMO) од јануари 2026 година, врз основа на издадените работни дозволи, околу 25 илјади работници од Србија постојано работат во Хрватска. Значи, оваа бројка не е поврзана со летната туристичка сезона, во која бројот значително се зголемува. Според официјалните хрватски податоци, српските граѓани се на трето […]

НЕМА КРИЗА НА ПАЗАРОТ НА ЛУКСУЗНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ, еден европски град забележа највисок раст во цените на недвижностите

Цените на луксузните недвижности во европските градови се во пораст. Во повеќе од половина од околу 50 градови, годишниот раст на цените во 2025 година надмина 3%. Премиум недвижностите се најпосакуваните и најскапи недвижности на одредена локација. Тие обично се дефинираат како горните 5% од пазарот по вредност. Ваквите пазари често имаат изразен меѓународен карактер […]

УНЕСКО: ОД 1991 ГОДИНА ПОЛОВИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО АЛБАНИЈА  ЕМИГРИРАЛО

Силното влијание на емиграцијата врз образованието во Албанија останува загрижувачко. Од 1991 година, околу 50% од албанското население емигрирало, директно придонесувајќи за намалување на населението на училишна возраст и бројот на ученици, стои во ивештајот на УНЕСКО. Во исто време, трендот се променил, од емиграцијата на неквалификувани работници во 1990-тите, кон заминување на пообразовани лица, […]

Oдбележан денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“

Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости. – Станушината е нашето природно богатство, […]

ПРЕТСТАВЕН НАЈГОЛЕМИОТ ТОВАРЕН БРОД ВО СВЕТОТ, МОЖЕ ДА ПЛОВИ СО ГОДИНИ БЕЗ ПОЛНЕЊЕ НА ГОРИВО, бродот е дел стратегијата на Кина за енергетска независност и поморска доминација

Кина го претстави концептот за најнапредниот товарен брод на нуклеарен погон во светот, кој може да пренесува  14.000 контејнери и кој не користи ураниум, туку ториум, радиоактивен метал кој долго време се смета за почиста и побезбедна нуклеарна алтернатива. Реакторот во неговото јадро е систем од стопена сол кој работи на 200 мегавати топлинска енергија, […]

ЕВРОПА ГО ЗГОЛЕМИ УВОЗОТ НА РУСКИ ГАС!

Европскиот увоз на руски течен природен гас е зголемен од почетокот на годината, и покрај ветувањето на Брисел дека постепено ќе го укине до крајот на 2027 година, објави денес германската еколошка организација „Ургевалд“, објавија француските медиуми. Невладината организација, која се потпираше на податоци од компанијата за поморски анализи „Кплер“, регистрираше 91 пратка што пристигнаа […]

НEMA ПРОБЛЕМ СО КЕРОЗИН, отворени се пет нови авионски дестинации и покрај кризата, изјави Николоски

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски.   – Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно […]

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија.  Мицкоски истакна дека  во Европа не гледа само како на географија и оти […]