ЕВРОПА ГО ЗГОЛЕМИ УВОЗОТ НА РУСКИ ГАС!

Европскиот увоз на руски течен природен гас е зголемен од почетокот на годината, и покрај ветувањето на Брисел дека постепено ќе го укине до крајот на 2027 година, објави денес германската еколошка организација „Ургевалд“, објавија француските медиуми.

Невладината организација, која се потпираше на податоци од компанијата за поморски анализи „Кплер“, регистрираше 91 пратка што пристигнаа во Европа од рускиот терминал Јамал помеѓу јануари и април.

Европскиот увоз на руски течен природен гас со тоа се зголеми за 17,2 проценти во споредба со истиот период во 2025 година и се зголеми од 5,71 милиони тони на 6,69 милиони тони.

Европската Унија планира целосно да го прекине рускиот гас до есента 2027 година, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано