Силното влијание на емиграцијата врз образованието во Албанија останува загрижувачко. Од 1991 година, околу 50% од албанското население емигрирало, директно придонесувајќи за намалување на населението на училишна возраст и бројот на ученици, стои во ивештајот на УНЕСКО.
Во исто време, трендот се променил, од емиграцијата на неквалификувани работници во 1990-тите, кон заминување на пообразовани лица, што ја зголеми побарувачката за средно и високо образование, но и притисокот врз системот.
Од друга страна, јавното финансирање во образованието значително се зголемило, од 7% од јавните расходи во 1990 година на 14% во 2016 година, додека уделот на средното образование во буџетот се зголемил од 6,5% во 2002 година на 20% во 2020 година
-Сепак, УНЕСКО нагласува дека, и покрај реформите, како што се проширувањето на задолжителното образование на 9 години во 2012 година, програмите за враќање на учениците во училиште и поддршката за ранливите ученици, фактори како што се сиромаштијата, ниското ниво на образование на родителите и оддалеченоста од училиштето продолжуваат да го зголемуваат ризикот од напуштање на училиштето, објавија медиумите во Тирана.
Според извештајот, значаен развој е проширувањето на високото образование по приклучувањето кон Болоњскиот процес во 2003 година. Бројот на студенти се зголемил во просек за 13% годишно во периодот 2003–2013 година, додека стапката на запишување се зголемила од 16% на 64% и достигнала 82% во 2024 година.
Сепак, извештајот предупредува дека овие бројки треба да се гледаат со претпазливост поради влијанието на имиграцијата и демографските промени.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








