ЕВРОПСКИОТ КЛУБ НА УЛТРАБОГАТИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА 26 ОТСТО, Полска, Турција и Романија имаат највисоки стапки на раст

Клубот на ултрабогати во Европа брзо се шири. Бројот на луѓе со најмалку 30 милиони долари (25,7 милиони евра) нето средства – познати како ултрабогати поединци порасна во Европа за 26 проценти во текот на изминатите пет години. Ова значи дека 37.428 нови членови се приклучиле на оваа ексклузивна група помеѓу 2021 и 2026 година, според Извештајот за богатство на Најт Франк за 2026 година, објавува Еуроњуз.

Повеќе од 710.000 луѓе ширум светот поседуваат најмалку 30 милиони долари (25,7 милиони евра) нето вредност. Речиси една четвртина од нив, или 25,8 проценти, живеат во Европа. Бројот на ултрабогати лица во Европа се зголеми од 146.525 во 2021 година на 183.953 во 2026 година, според Извештајот за богатство на Најт Франк за 2026 година.

Германија е лидер во Европа со 38.215 ултрабогати лица. Велика Британија е втора со 27.876, а Франција е трета со 21.528. Ниту една друга европска земја нема повеќе од 20.000 ултрабогати лица. Швајцарија има 17.692, а Италија 15.433.

Шпанија, една од најголемите европски економии, има 9.186 ултрабогати лица. Шведска има 6.845, а Холандија 5.077. Следат Данска (4.657), Турција (4.208), Австрија (4.188) и Полска (3.017). Во други земји, бројот паѓа под 3.000. Норвешка има 2.460 ултрабогати, Чешка 2.270, Ирска 2.196, Португалија 2.187 и Финска 1.317. Сите други европски земји имаат помалку од 1.000 ултрабогати жители. Русија има 8.399 ултрабогати поединци.

Германија забележа најголем апсолутен раст помеѓу 2021 и 2026 година, со 9.273 нови членови кои се приклучија на клубот од над 30 милиони долари. Значителен раст е забележан и во Швајцарија (4.968), Франција (3.781) и Велика Британија (3.005).

Бројот на нови ултрабогати, исто така, се зголеми за повеќе од илјада во Италија (2.886), Шпанија (2.708), Турција (2.034) и Полска (1.575).

Бројот на ултрабогати во Полска се зголеми повеќе од двојно, со раст од 109 проценти. Турција (94 проценти) и Романија (93 проценти). Грција, Чешка и Португалија забележаа раст од најмалку 50 проценти.

Бројот на ултрабогати се зголеми за 42 проценти во Шпанија, 32 проценти во Германија, 23 проценти во Италија и 21 процент во Франција. Велика Британија имаше најмал раст меѓу големите економии – 12 проценти, додека Шведска забележа најмал раст меѓу сите земји во оваа група, само осум проценти.

Стапката на раст е генерално поголема во земјите што имаат помал почетен број на ултрабогати.

Соединетите Американски Држави имаат убедливо најголем број ултрабогати луѓе во светот – 387.422, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано